Вкупно 24 медали освоија вината на винарската визба „Тиквеш“ и „Тиквеш“ – „Тиквеш Шату & Домен“ („Tikveš Châteaux & Domaines“) на три најголеми вински натпревари што летово се одржаа во Европа и Азија. Со медал се закити и тиквешката „Лозова ракија VS“.
Најголем број награди, од кои шест златни, два сребрени и три бронзени медали се освоени на најголемиот вински натпревар во Кина – China Wine & Spirits 2020. Во конкуренција на вина од 55 земји, со златен медал се наградени: црвеното „Barovo 2017“, белото „Barovo 2019“, белото „Bela Voda 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2019“, како и розето „Mistral au Jardin 2019“ и црвеното „Terrasse à l’Ombre 2018“ од француската винарница на „Тиквеш.
Дополнително, на летната сесија на еден од најголемите вински натпревари што се одржуваат во Европа – Mundus Vini, во конкуренција од 11.000 вина од целиот свет, вината на „Тиквеш Шату & Домен“освоија три златни и еден сребрен медал. Во овој натпреварувачки циклус на Mundus Vini, златни медали освоија: црвеното „Barovo 2017“, белото „Domaine Lepovo Chardonnay 2019“ и црвеното вино „Тerrasse à l’Ombre 2018“.
Претходно, на интернационалниот натпревар за вино и жестоки пијалаци (International Wine and Spirit Competition – IWSC), што се одржа во Лондон, Велика Британија, производите на „Тиквеш“ и „Тиквеш Шату & Домен“, освоија вкупно девет медали-две сребрени и седум бронзени.
Од почетокот на оваа година и покрај ограничувањата и предизвиците што ги донесе пандемијата, вината на „Тиквеш“ и „Тиквиеш Шату & Домен“ освоија вкупно 50 медали на вински натпревари во Франција, Германија, Велика Британија и Кина.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.