Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство доби донација од компанијата „Жито лукс“.
Донирани беа производи кои се дел од асортиманот на компанијата, наменети за поддршка на активностите и дејноста на Мрежата. Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство се состои од повеќе граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, со цел признавање и унапредување на човековите права на жените во нашата држава.
Мрежата веќе 10 години се бори против насилството врз жените и семејното насилство. Секојдневно сме во контакт со жени и деца кои се жртви на различен вид насилства. Овие личности се многу кревки и ранливи и секој вид помош е повеќе од добредојдена. Благодарни сме на „Жито Лукс“ за нивната донација. Во нашето општество многу е важно да се подигне свеста за насилството врз жените и семејното насилство бидејќи ова сѐ уште претставува проблем на кој треба сѐ повеќе да се работи. Поддршката и помошта што ја добиваме како организација е неопходна за да се даде до знаење на жртвите дека не се сами и дека има излез. Особено во овој кризен период, за време на пандемијата кога навистина е зголемен бројот на жени кои бараат помош за себе и за своите деца, соопштија од организацијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.