Македонија

Заев со стопанските комори: Следни пакети мерки во есен-зима

01 Sep 2020

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите задолжени за економските ресори на првиот ден од новиот мандат се сретнаа со претставниците на стопанските комори во земјава.

Веднаш после средбата, Заев истакна дека пред деловните луѓе испратиле порака за предвидливост во периодот што претстои.

Најавуваме стабилен период без предвремени парламентарни избори, четиригодишен период кој е многу значаен за домашната економија, која ќе може да планира динамичен раст и развој, идни инвестициони и нови економски активности на бизнис секторот, рече Заев.

Порача и дека даноците ќе останат стабилни, но додаде дека и во случај на намалување на даноците, секогаш ќе има период на дискусија, дебата и разговори односно период за подготовка на македонската економија.

Тој најави и следни пакети на мерки за коронакризата во текот на есенскиот и зимскиот период, кои, како што рече, ќе бидат димензионирани заеднички со коморите за да се максимизираат сите ефекти.

Значајно ми е да потврдам, дека јас лично како претседател на Владата, економист кој доаѓа од деловниот сектор во минатите две и пол години колку што имав чест да ја водам македонската Влада, научив многу од соработката со коморите, која е на заедничка полза на бизнис секторот, на работниците, извозот, бруто домашниот производ на државата, а секако и политички и за Владата. Тоа искуство ќе го користиме и во периодот што следи за да можеме уште попосветено да работиме, да соработуваме и да учиме од самите проблематики со кои се соочуваат коморите, со цел брзо решавање, надминување и мултиплицирање на поддршка на Владата со стопанството, нагласи премиерот.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...