Македонија

„Жито лукс“ донираше леб, брашно и колачи за 1.200 деца

27 Aug 2020

„Жито лукс“ донираше леб, брашно и колачи за 1.200 деца кои се членови на здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“. 

Донацијата е за деца од целата земја, со кои здружението континуирано работи, ги вклучува во своите проекти и им нуди помош за секојдневните потреби.

„Проект среќа“ веќе петта година напорно работи на подобрување на животот и животните услови на голем број деца и млади со помалку можности. Искрено сме благодарни на „Жито лукс“ за нивната донација и веруваме дека со нивните производи ќе донесеме насмевки и среќа за нашите членови. Од исклучителна важност е да се помага на овие деца бидејќи преку помошта и донациите успеваме барем малку да го разубавиме нивното секојдневие, да ги приближиме до сите оние работи кои треба да се достапни за секое дете, со цел да се искористат нивните потенцијали и квалитети, соопштија од „Проект среќа“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...