„Витаминка“ АД Прилеп за периодот јануари-јуни 2020 година оствари добивка на износ од 9,456 илјади денари и е повисока во однос на истиот период лани кога изнесувала 7,540 илјади денари.
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2020 година изнесуваат 1.190.390 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година за истиот период бележат пораст од 4 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 4 отсто.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2020 година изнесуваат 1.135.465 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од 4 отсто. Растот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2020 година за извештајниот период.
Во текот на извештајниот период не е одобрена дивиденда. Добивката од минатата година е рапределена во резервен фонд за инвестиции во материјални вложувања.
Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година за извештајниот период изнесуваат 53.255 илјади денари.
Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2020 година изнесуваат 1.028.390 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2019 година бележат зголемување 26 отсто.
Во периодот јануари-јуни 2020 година во „Витаминка” не се реализирани дополнителни нови вработувања.
Се вчитува следна вест...