Македонија

Нов „Рептил“ во Центар

05 авг 2020

На 18 јули официјално беше отворен нов маркет „Рептил“, кој е 16. продажен објект во трговската мрежа на компанијата.

Новиот „Рептил“ е лоциран на улицата Аминта Трети, бр. 54, на влезот на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар.

Се протега на вкупна површина од 150 квадратни метри, од кои околу 50 квадратни метри се посебно одвоен дел со месарница, оддел за готови јадења, пекарница, слатки… Овој посебен дел има и посебна наплатна каса и влез, но е поврзан и со другиот дел од маркетот. Во другиот дел од маркетот има 2 наплатни каси и посебно преграден надворешен дел, во кој е сместен одделот за свежо овошје и зеленчук.

Во 16. маркет „Рептил“ вработени се 16 луѓе.

Најважно е да го зачуваме здравјето во ова тешко време, сите заедно да го надминеме вирусот и да продолжиме со нормалниот тек на животот. Со тоа, ќе можеме да ги оствариме целите што сме си ги задале, истакнува Јованка Трајкова, комерцијален директор на „Рептил“, и најавува дека наскоро ќе бидат отворени уште два маркета.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...