Македонија

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

13 јул 2020

Компанијата „Свисслион“ Скопје објави намера  за преземање на целата  компанија „Агроплод“АД  Ресен. 

Според информацијата објавена на Македонска берза,  „Свисслион“ планира да  откупи 8.364 обични акции со право на глас со што ќе стане сопственик на 100 отсто од акциите издадени од ресенската компанија.

Според намерата „Свисслион“ планира за овие акции да понуди 13.530 денари по акција.

Позитивно мислење за преземањето дадоа органите на управување и синдикатот на „Агроплод“, а Комисијата за хартии од вредност треба да даде дозвола за преземање.

„Свисслион“ подолг период е сопственик и најголем акционер во „Агроплод“ каде што  поседува 18.126 обични акции, односно 68,41 отсто од акциите.

„Агроплод“ има издадено 21.025 акции. Пред издавањето акции од втората емисија чија книговодствената вредност лани изнесувала 13.563 денари. Годинава е реализирана втора емисија на 5.455 обични акции од компанијата во вкупна вредност од 73.806.150 денари со што вкупниот број на обични акции на целото друштво изнесува 26.480 акции.

Акциите од вотрата емисија ги купи „Свисслион“.

Лани компанијата остварила пониска добивка поради пониски приходи и зголемени трошоци.

Извор: Плусинфо



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Тетовка доби „пежо 208“ во наградната игра на „Веро“

30 јул 2020

Кривично ќе одговараат фирмите кои ја злоупотребија помошта за плати

30 јул 2020

„Пекабеско“ донираше 7 тони храна

30 јул 2020

Објавена листата со фирми кои добија државна помош, а не исплатија плати

30 јул 2020

Kазни за компаниите кои ја злоупотребија државната помош

30 јул 2020

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка

30 јул 2020
Вчитува уште новости...