Македонија

E-commerce4All – прва интерактивна и едукативна веб-платформа за е-трговија

08 Jul 2020

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб-платформа за е-трговија – E-commerce4All.

Веб-платформата, преку едноставен и брз пристап, ќе им овозможи на сите потенцијални и постојни е-трговци да стигнат до потребните информации за лансирање и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти, како што се регулатива, испорака и е-плаќање.

Се очекува платформата да помогне во справување со сивата економија во е-трговијата, со оглед на тоа што ќе ги прикажува сите сертифицирани е-трговци што ги исполнуваат условите според регулативата во земјава.

Таа ќе содржи пет модули, кои ќе се градат и промовираат одделно во различни фази на проектот. Веќе е активен првиот модул, кој се однесува на регулативата за е-трговија во земјава  и содржи сеопфатни прирачници за состојбата со е-трговијата, информации за основање компанија што работи со е-трговија – односно податоци што секој е-трговец задолжително треба да ги знае.

Платформата E-commerce4All е приспособена за користење преку веб и мобилни уреди.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...