Македонија

Пад на прометот во трговијата

02 Jul 2020

Во трговијата на мало во мај 2020 година, во споредба со истиот месец претходната година, е забележано намалување на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 13,8%, а реално за 15,6%.

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало бележи пад, особено во трговијата со храна, пијалаци и тутун, непрехранбени продукти, освен гориво и трговија на мало со автомобилски горива.

Во мај 2020 година во споредба со истиот месец во 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот бележат: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 13,8%, а реално за 15,6%; трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 13,2%, а реално за 13%; трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 13,5%, а реално за 14,3%; трговија на мало со автомобилски горива номинално за 47,8%, а реално за 29,2%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...