Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Новите дејности кои се додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.
Уредбата за домашната платежна картичка беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во:
* Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
* Туристички агенции и оператори
* Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
* Супермаркети
* Продавници за храна, пиљари, пекари
* Mебел, осветлување, производи за домаќинства
* Книжарници и продавници за книги
* Спортска опрема
* Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
* Аптеки
* Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.