Македонија

Од денес на кафе по протокол и на дистанца

28 May 2020

Според одлуката на македонската Влада, од денеска е дозволено отворање на угостителските објекти.

Засега ќе можат да работат само отворените делови од кафулињата и рестораните и тоа до 22 часот, со ограничување на бројот на гости и почитување на здравствените протоколи.

Малку се разликува Протоколот за работа на кафулињата.

Од Угостителската комора сметаат дека овој начин на функционирање на кафулињата е нејасен, бидејќи правилата не се јасно дефинирани, а се очекува од денеска да почнат со работа. За овие забелешки е известен и министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Од почитувањето на протоколите и натамошниот развој на пандемијата во земјата, ќе зависи дали ќе има дополнително олабавување или затегнување на мерките за заштита од Ковид 19, најави Владата, која вчера, по 66 дена ја укина забраната за движење.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...