Македонија

„Гемак“ отвори онлајн-продавница

07 May 2020

Во онлајн-продавницата на „Гемак“ можат да се купат познати светски брендови на алкохолни пијалаци, пред сè, најпознатото шкотско виски.

Во постојан чекор со пазарните трендови, приспособувајќи се на потребите на потрошувачите, посветено работиме на унапредување на широко распространета дистрибутивна мрежа, но и на современи решенија за поголема достапност на производите, се наведува во соопштението на „Гемак“.

Од компанијата информираат дека во тој контекст, во изминатиот период интензивно работеле на развој на онлајн-продавница, која на потрошувачите значително ќе им го олесни пазарувањето на овој вид производи. Во онлајн-продавницата на „Гемак“ можат да се купат познати светски брендови на алкохолни пијалаци, пред сè, најпознатото шкотско виски, но и богата колекција на сингл малтови, газирани пијалаци, кафе, вода, чај, како и производи за домаќинство.

Пуштањето на нашата онлајн-платформа, сосема случајно кореспондира со сè поголемата потреба од овој начин на купување, во услови кога целиот свет е соочен со една нова состојба. Со овој проект одговараме на предизвикот и ги правиме нашите производи достапни секогаш и во секое време, изјавија од „Гемак“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...