Стопанската комора на Македонија (СКМ) ги објави преостанатите наоди од најновата анкета за последиците од кризата од вирусот корона за македонската економија и очекуваните ефекти од економските мерки на Владата.
Како што се наведува, анкетата (направена од 7 до 14 април) има цел да овозможи увид во регистрираните последици за компаниите-членки на Комората во март и очекувањата за април 2020 година. Анкетата вклучува одговори на компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра.
Речиси половина (48%) од анкетираните фирми се изјаснија дека нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19% дека ќе ги пратат на принуден одмор, 19% дека веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13% размислуваат за друга можност.
Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2% се изјасниле дека нема да ги отпуштат вработените, 13% дека ќе ги отпуштат, а само 0,8% дека веќе ги отпуштиле. Ова потврдува дека стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос.
Во однос на финансиите, 44% од анкетираните фирми изјавиле дека немаат проблеми со ликвидноста, додека 56% имаат проблеми. Притоа, 65% од фирмите имаат кредити за отплата, а 35% немаат кредити.
Вкупно 81% од анкетираните фирми пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието. Притоа, 35% од фирмите пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50%.
И покрај проблемите со кои се соочуваат претпријатијата во однос на производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на доставувачи, 71% не размислуваат за затворање на претпријатието, а 21% размислуваат за затворање само на еден дел од претпријатието. Тоа може да се поврзе со фактот што дури 79% од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, 8% од анкетираните би го затвориле претпријатието во целост.
Во рамки на Анкетата, фирмите се изјаснија и во однос на тоа кои од економските мерки на Владата планираат да ги искористат:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.