Вонредната состојба продолжува. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.
Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае 30 дена, рече Пендаровски.
Претседателот даде коментар за правните дилеми кои се појавија во јавноста во врска со уставноста за продолжувањето на воената состојба повеќе од пропишаните 30 дена.
Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација. Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонрената состојба. Ја преземав одговорноста со носење на ваква одлука само затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето отколку да се криеме зад правни толкувања“, рече Пендаровски.
Претседателот нагласи дека не станува збор за продолжување на вонредната состојба којашто завршува денеска, туку за прогласување на нова.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.