Македонија

Снабденоста на „Гранап“ досега е во ред

16 Mar 2020

Во „Гранап“ е зголемена потрошувачката на сите производи, а најмногу се трошат основните, како што се масло, шеќер, брашно, тестенини...

Досега снабденоста на нашите маркети е во ред и немаме проблем со одредени производи, иако е зголемена потрошувачката во целост, изјави за InStore сопственикот Ристо Петков.

Тој додава дека маркетите „Гранап“ не се со голем магацински простор и немаат големи резерви. Тие се минимално поголеми од нормалните и тие резерви се за околу 7 дена. Ниту една цена не е зголемена, а од денес маркетите наместо до 22 часот, ќе работат до 19 часот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...