Три вина произведени во винарницата „Château de Gourdon” освоија високи награди на реномиран вински натпревар.
Белото „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2018“ освоија златни, додека црвеното „Jolie Balade 2018“ сребрен медал на натпреварот „Concours des vins d’Orange“ кој се одржува во Оранж, Франција.
Овој успех е постигнат во конкуренција на речиси 2.300 вина. Според пропозициите на натпреварот, вкупно 570 дегустатори ги оценуваат вината исклучиво според вкусот и нивниот квалитет, не знаејќи ги имињата на производителите и на самите вина, што обезбедува објективност во оценувањето.
Наградените вина се произведени во француската винарницата „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“. Овие вина и сите останати од портфолиото на „Château de Gourdon“ им се достапни и на македонските љубители на ексклузивни висококвалитетни вина.
Concours des vins d’Orange“ е најстариот и најреномиран регионален натпревар на вина од долината на реката Рона во јужна Франција. Натпреварот прв пат е одржан во далечната 1952 година, а неговите оценки и препораки се од исклучително значење за настапот на вината од овој регион на европските и на светските вински пазари
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.