Македонија

„Каноил“ на „Реплек фарм“ и на американскиот пазар

03 Feb 2020

Палета од 15 производи  на „Реплек фарм“, под брендот Каноил од неодамна се извезува и на американскиот пазар. Станува збор за масла, спрееви, масти, супозитории и вагитории,  т.е. истите производи кои се продаваат и на македонскиот пазар, а се екстракти од канабис за медицинска употреба

Досега овие производи беа присутни во Германија и Австралија.

Горди сме за добиеното одобрување од ФДА (Американската Национална Агенција за храна и лекови) која го потврдува квалитетот на нашите Каноил производи кои од 2020 се извезуваат на американскиот пазар под нашиот бренд Каноил. Ваквите признанија, за нас, претставуваат силен стимул за освојување на нови предизвици, рече Иван Туџаров, генерален директор на „Реплек фарм“ наденешната прес конференција.

Во соработка со германски партнер, „Реплек фарм“ инвестира во нова високо специјализирана фабрика строго наменета за изработка на производи кои содржат екстракти од канабис. Новата фабрика се простира на површина од 1.300 m2. Истата е дизајнирана и се изведува согласно ГМП директивите кои се компатибилни за работа во фармацевтската индустрија.. Просторот ќе биде обезбеден со климатизација, вентилација како и 24-часовно мониторирање на температурата и влагата. Опремата е изработена од материјали сертифицирани во согласност со ГМП стандардите. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...