Интолеранцијата на лактоза претставува сè поголем проблем на модерното време, па сè поголем број луѓе бараат алтернатива на млечните производи. „Лакталис“ нуди различно и поефективно решение – да се избегне лактозата без да се исфрлат млечните производи од исхраната. Покрај млекото без лактоза, отсега на пазарот можат да се најдат кисело млеко и јогурт без лактоза од Alpsko.
Последните неколку години дискусијата за интолеранција на лактоза се прошири од обичен разговор за стомачни тегоби и подуеност до глобална едукација за реален здравствен проблем кој секоја година зафаќа сè повеќе луѓе. Околу 65% од светската популација покажува намалена способност за правилна дигестија на лактозата. Но, целосното исфрлање на млекото од секојдневната исхрана не претставува вистинско решение. Наместо тоа, „Лакталис“ има за цел да им понудат на своите потрошувачи повеќе опции за лесен ден.
Оваа година, новите производи на Alpsko, киселото млеко и јогуртот без лактоза, им даваат нова опција на сите оние кои патат од интолеранција на лактоза. Создадени од свежо млеко без лактоза и 1,5% млечни масти, тие претставуваат совршена рамнотежа од слатко-киселкаст вкус и се одлични во комбинација со овошје, житарки и вкусни пецива.
Безлактозните млечни производи на Alpsko не се препорачуваат само за луѓето кои се интолерантни на лактоза. Напротив, како што истакнуваат од компанијата тие претставуваат вистинска замена за стандардните млечни производи и се погодни за секого.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.