Македонија

Избор на најдобри трговски објекти: „Гранап“, „Рептил“ и „Тинекс“ се водечки супермаркети

20 Dec 2019

Град Скопје и специјализираната агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи „SWOT Research“, и годинава ја продолжија традицијата и ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”.

Во категоријата супермаркети, избрани се „Гранап“, „Рептил“ и „Тинекс“. Во категоријата парфимерии и козметика, на првите три места се L' OCCITANE, Yves Rocher и Ziaja. Беа прогласени и по тројца победници во категориите апарати за домаќинство и бела техника, потоа салони за мебел, компјутерска опрема, битици и категорија домаќинство.  

Плакетите ги врачи Александар Богоевски, помошник раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје

Според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж. Mесец на трговијата е проект преку кој може да видиме како напредувале работите со текот на времето и што ги прави најдобри трговците. Во тек е планирање на проектот и за наредната година кога ќе бидат изготвени и поединечни извештаи за сите трговски субјекти, со цел да ги согледаат постигнатите резултати и во кој дел треба да се подобрат. И оваа година секој од трговците има пристап до резултатите и извештајот од истражувањето, се со цел постигнување на високи резултати во сите категории, како и задржување на потрошувачите, бидејќи секој е потенцијален потрошувач, рече Боговски.

Признанието најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува по 13-ти пат.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...