Македонија

Дрогериите dm во Македонија со двоцифрен раст на прометот

01 Nov 2019

Со остварен промет од повеќе од 919 милиони денари што претставува раст од 28,2 отсто, dm drogerie markt во Северна Македонија имаше успешна деловна 2018/19 година, соопштија од компанијата. 

Во периодот 01.10.2018-30.09.2019-та, dm инвестирала речиси 49 милиони денари (+69,7%), насочени кон отворање на нови објекти во Битола и Скопје како и за модернизација на постоечките продажни објекти.

За континуираниот двоцифрен развој веќе шест години по ред, заслужна е нашата константна посветеност на потребите на купувачите, на чија основа ја креираме понудата на производи и ги унапредуваме услугите. Подготвувајќи се за нови инвестиции и проекти во годината која ни претстои, продолжуваме и понатаму да вложуваме во нашите најважни ресурси-вработените, како основа за иден раст и развој на целата компанија, истакна Весна Стојановиќ, директор на dm drogerie markt во Србија и Македонија.

 Понудата на сопствени брендови оваа година компанијата ја збогати со нов премиум бренд SEINZ. Станува збор за производи за нега на мажи, бричење и стајлинг.

Силната поддршка на своите вработени, пазарно атрактивна заработувачка како и многу дополнителни бенефити – две дополнителни плати во текот на годината, бесплатни проширени систематски прегледи како и курсеви по германски јазик и оваа година ја става  dm drogerie markt во групата на најпосакувани работодавачи. Во фокус е да создаваме услови за своите вработени во кои секој поединец може да делува одговорно и со сопствената иницијатива да допринесе за целата групација, соопштија од компанијата. 

dm drogerie markt e присутен во 13 европски земји со мрежа од 3.668 продажни објекти и со повеќе од 62.000 вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...