Македонија

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели стипендии за уште 42 студенти по фармација и медицина

31 Oct 2019

Стипендии од Фондацијата „Трајче Мукаетов“ добија уште 42 студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј. 

Годинава стипендирани ќе бидат 22 студенти од Фармцевтскиот и 20 студенти од Медицинскиот факултет. Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци, а доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година.

Особено задоволство ми е што годинава се пријавија исклучително талентирани студенти, па одлучивме наместо 40, стипендирани да бидат 42 студенти, со што исполнивме квота од 500 стипендирани студенти за 12 години. Навистина ми е драго што фондацијата „Трајче Мукаетов“ и компанијата „Алкалоид“ биле дел од успешната приказна на 374 дипломирани стипендисти по медицина и фармација до сега, рече Живко Мукаетов, претседател на фондацијата и генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.

Тој додаде дека за прв пат годинава Фондацијата има 5 првенци на генерацијата, сите со просек 10,00.

Искрено ме радува и прикажаниот просек на првенците годинава. Еден од првенците веќе во наредниот месец ќе ја започне својата кариера во „Алкалод“, а до крајот на годинава вкупно 81 стипендирани студенти ќе бидат дел од компаниските процеси. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели, рече Мукаетов.

Фондацијата веќе 12-та година по ред ги степендира студентите од овие два факултети. Почнувајќи од учебната 2007/2008 година овие стипендии досега ги добиле вкупно 500 студенти по фармација и медицина.

Освен тоа, петмина студенти кои се првенци на генерациите од двата факултети ќе добијат и еднократна парична помош од Фондацијата во висина од по 1.200 евра.

Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 79 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 74 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет. Во текот на ноември 2019 година, професионално ќе бидат ангажирани уште двајца стипендисти.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...