Македонија

Македонците потрошија 84 милиони евра за купување преку интернет

28 Oct 2019

За 26 отсто е порастот на електронската трговија во Македонија во првата половина од 2019 година, во споредба со истиот период лани. Или, за шест месеци, Македонците потрошија 84 милиони евра за нарачки преку интернет.

Овие бројки беа објавени на Втората годишна конференција за е -трговија, која под мотото „Бизнис раст со е-трговија“ се одржа во петокот во Скопје. 

Пораст од 23 отсто се бележи и во бројот на онлајн трансакции - или, околу 600.000 онлајн трансакции повеќе споредбено со истиот период за 2018 година. Се зголемил и процентот на нарачки кон домашни онлајн продавници во однос на нарачките од странство. Оваа година истиот е 40 отсто, при што има пораст од 4 отсто во нарачки кон домашни е-трговци. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...