Вистинскиот предизвик во малопродажбата во моментов е долгорочната иднина на трговските куќи и на трговските центри, вели Метју Браун, футуролог за малопродажба, во интервју за магазинот InStore.
Тој беше ексклузивен гостин на 5.FMCG Summit што се одржа во Скопје на 16 мај, во организација на InStore.
Во свет каде што можеме да купиме сè преку интернет, традиционалните малопродажни канали се под закана како никогаш досега. Здодевните трговци се на пат кон исчезнување, рече Браун.
Според него, аугментираната реалност и малопродажбата преку паметни телефони се само на почеток, и тоа е револуција што ќе го промени светот во следните десет години.
Иако секогаш постојат уникатни регионални разлики, силно верувам дека главните малопродажни трендови се глобални и се применуваат во секој малопродажен сектор и во секоја земја. Иако постојат економски разлики меѓу Македонија и поразвиените земји, на крајот на краиштата, сите потрошувачи го сакаат истото – продавници што ќе инспирираат и ќе воодушевуваат. И секој има паметен телефон, одговори Метју Браун на прашањето како го оценува трговскиот сектор во Македонија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.