Во тиквешкиот регион е формирано Здружение на семејни винарии.
На основачкото собрание беа присутни триесеттина претставници на фамилијарни винарници, а интерес има и кај други најмалку десетина. Станува збор за здружение на мали винарски визби од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско. За прв претседател е избран Горан Јаковлевски.
Целта ни е развој на винарството. Сите ние сме производители на вино, ракија, маџун и други производи од грозје. Ќе соработуваме со други здруженија и локалните самоуправи, со стручни лица и надлежните институции при носење на законски акти и слично. Заеднички ќе настапуваме при прекугранична соработка, организирање на саеми и други традиционални настани како „Свети Трифун”, „Тиквешки гроздобер” и други, кои имаат за цел унапредување на винарството и туризмот. Заеднички ќе набавуваме репроматеријали и опрема, ќе го промовираме нашето производство, изјави Јаковлевски.
Потпретседател е Блаже Миневски, секретар Гоце Попов, а благајник Александар Грков. Формирани се и Управен и Надзорен одбор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.