Македонија

Две недели до 5. FMCG Summit во Скопје

02 May 2019

Подготвени за FMCG Summit Скопје 2019? Ви претставуваме уште тројца од еминентните говорници. Погледнете ги нивните теми и заедно со вашите колеги, пријавете се за учество на самитот!

Патрик Зупанчич, сопственик и генерален директор на „Промо фил“, Словенија и Хрватска. Тој има повеќе од 25 години искуство во продажба, а ќе зборува за аутсорс мерчендајзингот и за користењето паметна апликација.

Сања Михаиловска е магистер по економски науки, во областа на финансискиот менаџмент, генерален директор на „Саманта“. Целосно е посветена на оптимизација и унапредување на организациската структура, процесите, системите и процедурите, а на самитот ќе се задржи на „Business Inteleligence style како начин на одлучување“.

Основачот и извршен менаџер на „Инсајдер ИД“ – Сергеј Зафироски, чиј фокус е насочен кон креирање применливи математички модели на одлучување и аналитика на податоци, ќе ја претстави новата категорија потрошувачи – финансиски логични.

Погледнете ги и другите говорници на FMCG Summit 2019.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...