Македонија

„Сковин“ во загуба од 117 милиони денари

16 Apr 2019

„Сковин“ АД Скопје минатата година оствари загуба од 117 милиони денари. 

Тоа е полош резултат во однос на годината претходно, покажува годишниот извештај на компанијата објавен преку „Македонска берза“. 

Винарската визба донесе предлог одлука за тоа како ќе се покрива загубата:  

Загубата по оданочување во износ од 117.784.275 денари се покрива: дел од 9.818.960 денари е на товар на акумулирана добивка од минати години, дел од 3.334.142 денари е на товар на законски и статутарни резерви, а дел од 16.960.836 денари е на товар на ревалоризирани резерви. Непокриениот дел што изнесува 87.680.357 денари останува на товар на идните добивки, пишува во предлог - одлуката.   

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...