Македонија

Бесплатни ехо-прегледи на дојка за жените во „Витаминка“

15 Mar 2019

Прилепска „Витаминка“ организира бесплатни ехо-прегледи на дојка за околу 300 жени, вработени во компанијата.

Прегледите се вршат од пред неколку дена, во просториите на фабриката.

Вработените кои се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираат и со медицинско лице и добиваат совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување, информираа од компанијата. 

Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од Управата на „Витаминка“. 

Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, кон децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се важни за превенција од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје, соопштија од компанијата.

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...