Македонија

„Жито маркети“ прослави 30 години

02 Nov 2018
Компанијата „Жито маркети" на 17 октомври прослави три децении успешна работа, истовремено означувајќи почеток на нов циклус во кој очекуваат уште подобри резултати. 
 
Свеченоста се одржа во винаријата „Стоби" во присуство на повеќе од 700 гости. 
 
Убава е глетката вечерва, растреперено е срцето, полна е душата.Тука се моите другари со кои заедно почнавме да го градиме бизнисот, заедно растевме, си подававме рака и се поддржувавме. До нив ги гледам и нашите ученици, млади менаџери, верни, лојални, желни за нови успеси и продолжување на приказната. Тука е и моето семејство, мојата сопруга, синовите, мојата поткрепа и сила, моето се, рече Јованче Ѓошевски, сопственик на „Жито маркети".  

Како симбол на благодарност за долгогодишниот труд беа доделени благодарници со златник и сребреник на вработените во компанијата со стаж од повеќе од 20 години.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...