Македонија

Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“

16 Oct 2018

И годинава, 250 вработени од виничката компанија „Макпрогрес" се дружеа на „Винчинијада 2018" во хотел „Регнум" во Банско.

Како што информираат од компанијата, тридневното дружење има цел да го зајакне тимскиот дух на вработените и да поттикне заедништво и дружење, при што се разменуваат и корисни информации од работењето.

Со години наназад инвестираме во вработените, во нивна обука, доусовршување и во правилно распоредување на работните места. Од мотивираноста и задоволството на вработените зависат резултатите од работењето, a тоа се рефлектира и на брендовите што ги создаваат и на имиџот на компанијата. Затоа, честопати организираме и неформални дружења, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес".

На „Винчинијада 2018", традиционално како и секоја година, се одржаа спортски натпревари во фудбал, кошарка, билјард, пинг-понг, трчање и влечење јаже, а најдобрите добија вредни награди и признанија. Дополнително, беше организирана и хуманитарна лотарија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...