Македонија

Прв регистар на оператори со органски производи

28 Sep 2018
Повеќе од 600 оператори со органски производи ќе бидат впишани во новиот Регистар што го изготви Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 
Ова е прв Регистар на органски оператори во Македонија. Во него се опфатени производители, преработувачи и трговци.
 
Регистарот содржи податоци за секој производител, преработувач и трговец со органски производи, но доминираат производителите. Практично, се овозможува пристап до информации во секое време за тоа каде има органски производи, кој ги произведува и каков вид органски производи се нудат. Во регистарот се наведени и контакти на операторите со цел заинтересираните да можат директно да комуницираат со нив. 

Швајцарската агенција за развој и соработка му помогна на Министерството за земјоделство да го изготви овој Регистар. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...