Македонија

Во Гевгелија се отвори погон на грчка фирма за марамчиња

10 Sep 2018
Грчката фирма „Стар Фреш" од Катерини во Гевгелија отвори погон во кој се конфекционираат  марамчиња за хотели и ресторани.
 
Дневно во погонот се произведуваат 25.000 влажни марамчиња за еднократна употреба од страна на 15 работници.
 
Сопствениците на „Стар Фреш", Христос Тахос и Адамос Ваикопулос, најавија дека бројот на работници наскоро ќе се удвои.  
 
Марамчињата главно се пласираат на грчкиот и на европскиот пазар. 

Тахос изјави дека планира за една година да изгради сопствен објект во Гевгелија и да го зголеми производството на влажни марамчиња за хотели и ресторани за кои веќе постои интерес и на македонскиот пазар. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...