На првиот FMCG Summit 2015 што се одржа вчера во хотелот „Александар Палас" во организација на магазинот InStore, беа присутни над 250 учесници. Конференцијата на едно место ги собра врвните претставници од македонскиот FMCG сектор.
На конференцијата се зборуваше за трендовите и иновациите во FMCG индустријата кај нас – во дистрибуцијата, малопродажбата, производството, за односот меѓу доставувачите и трговците, промоцијата и промотивните активности, како и за неопходноста од познавањето на другата страна на која ѝ се продава – првиот купувач, трговецот или крајниот купувач/потрошувач.
Конференцијата ја отвори потпретседателот на „Атлантик Група", Среќко Накиќ, а инспиративниот блок го продолжија Глигор Цветанов, сопственик и извршен директор на „Макпрогрес" и Весна Кузмановиќ од ГкФ, а блокот беше заокружен со обраќање на генералниот спонзор на настанот, Мајкрософт.
Во вториот блок свои презентации имаа Дино Шкријељ, директорот на логистика во „Кола", кој зборуваше за комплексноста на дистрибутивниот процес и воведувањето контролинг. По него следуваше Трајче Петровски, раководител на секторот комерција во „Тинекс" со темата „Што е добар доставувач за нас" и Даворка Биондиќ Винце, која зборуваше за долгорочноста на трговскиот партнерски однос.
Пред ручекот Владо Рикаловски од „Медиана" зборуваше за карактеристиките на македонскиот потрошувач, а Даница Личанин-Блажеска од „Рептил" говореше на темата: атрактивни промоции за трговците. Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер во „БиМилк" го претстави своето видување за тоа како се стекнува и како се задржува капетанската позиција во млечната индустрија.
Во последниот блок присутните можеа да ги слушнат Тихомир Петрески, консултант од „Петрески & Партнерс", кој зборуваше за продажните промоции некогаш и денес и Горан Мирчиќ, трејд-маркетинг менаџер од „Пивара Скопје", со неговата презентација за промотивните активности во ТТ каналот.
Конференцијата беше заокружена со тркалезна маса на тема Каде оди FMCG секторот во Македонија, на која учествуваа: Илија Бисинов, управител на „Крашкомерц", Мартин Кочмановски, главен оперативен директор на „Тинекс" и Слободан Кутревски, сопственик и прв извршен директор на „Пекабеско".
На конференцијата беа присутни претставници од: „24 вести", „Бебел тојс", „Дајнерс Клуб Интернационал", „дм дрогерие-маркт", „ЕОС Матрикс", „Фиат", „Франк" – Македонија, ГфК, „Хттпоол", „Ипсос", „Маквелд", „Мајкрософт", „Нилсен Медиа Рисрч" – Македонија, „Петрески & Партнерс", „ Квенбергер Логистик" – Македонија, „Рамстор", „Скрин медиа", „ТНС Брима Галуп", „Уника осигурување", www.bi.mk, www.mkd.mk, „АВТ Интернатионал", „Адриа СН", „Алкалоид", „Андрос", „Арониа здрава храна", „Атлантик Група", „Атлантик Трејд", „Бизнис вести", Бизнис федерација на жени, „БиМилк", „Бионди консалтинг", „Бранс", „Бучен козјак", „Вајомаг", „Витаминка", „Гранап", „Даталаб МК", „Денар дисконт", „Де-Та", „Дуна компјутери", „Евро Стил Трејд", „Европа", „Еуро Табак", „Здравје Радово", „Зодра", „Империл Тобако ТКС", „Иноспектар", „Инфо биро", „Канал 77", „Кожувчанка", „Кола", „Колевски", „Колид С тим", „Крашкомерц", „Лакталис", „Македонија-експорт", „Макпрогрес", „Медиана", „Мин-Екс", „МИТ Универзитет", „Млекара Јока", „Монтенегро", „Наша ТВ", „Орбико", „Пакомак", „Пекабеско", „Перутнина Птуј", „Пивара Скопје", „Пик ко", „Прилепска пиварница", „Рептил маркети", „Рудине ММ", „Семос", „СП маркет", „Стоби", Стопанска комора на Македонија-Турција, „Тд-Тд", Тим поинт", „Тинекс", „Тотал плус логистик", „Фриком", „Хит 73", „Ценсум", „ЦМБ Балканс", „Чеза комерц".