Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од утре ќе бидат на терен за да ги контролираат трговците дали постапиле во согласност со одлуката на Владата за ограничување на маржите на училиштниот прибор.
Ова го најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски, во објава на својот фејсбук-профил. Тој истакна дека инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности што произлегуваат од владината одлука, а според Законот за трговија.
Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор (Службен весник на РСМ бр. 183/24), имаат обврска да ги усогласат цените на производите, стои во објавата на Трајковски.
Воедно, тој истакнува дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.
Во објавата ги повика и граѓаните да пријават нерегуларности.
Се вчитува следна вест...