Македонија

Малишиќ: Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто

14 Jun 2024
Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, a причината, според нив, е поради зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.
 
Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше досега.
 
Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто затоа што цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатите пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, изјави Малишиќ.
 
Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна. Но, според мелничарите има промени во цените на житото на светските берзи. Засега, велат дека најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...