„Македонија 2025“ објавува повик за апликации од македонски компании за „Битов - Програмата за претприемачи“.
„Битов - Програмата за претприемачи“ е основана во соработка со „Каталисте +“ (поранешна „ЦЕСО“ – Кандиан ексекутив сервис организејшн) . „Каталисте +“ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
„Македонија 2025“ има заедничка мисија со „Каталисте +“ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на „Каталисте +“, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
„Македонија 2025“ целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови: Минимум една година од постоење на компанијата, сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител, лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик, високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата, во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот) и ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
Краен рок за пријавување е 31.07.2024 година.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.