На 5 јуни, за струмичани вратите ги отвори реновираниот „Кам“ кој се наоѓа на ул Гоце Делчев бб.
Новоуредениот „Кам“ е распространет на вкупна површина од 597 м², со зголемен капацитет од 35 паркинг-места, при што овозможува полесен пристап, поголема фукнционалност и прегледност при пазарењето.
Во реновираниот и модерно уреден „Кам“ ќе пронајдете богат асортиман на производи од висок квалитет по ниски цени, од асортиманот на млечни и месни производи, топли и крцкави печива, богата понуда на овошје и зеленчук, хемија, како и широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци, изјавија од „Кам“ за InStore.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.