Македонија

Ново освежување од „Кожувчанка“: Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active!

31 May 2024

Компанијата „Кожувчанка“  ги претстави новите производи, Кожувачанка Wellness и Кожувчанка Active.

  Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство! Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active:Кожувчанка  Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, релаксира и ослободува од напнатост со што позитивно влијае на имунолошкиот систем. Со додаток на витамин B6, Кожувчанка Wellness допринесува и за создавање на црвените крвни зрнца! Кожувчанка Active се произведува со додаток од екстракт од гуарана и женшен. Тие, како природни извори на енергија, го подобруваат вашиот ментален и физички капацитет. Кожувчанка Wellness содржи витамин B12 и B6, коишто придонесуваат за нормално искористување на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста!, соопштуваат од компанијата.

Газираните води Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active купувачите може да ги најдат  во амбалажа од 0,5L и 1,5L, погодни за секоја прилика.

Секогаш, во секое време имате потреба од вода, освежување, минерали и витамини! Секогаш, за вас!, соопштуваат од „Кожувчанка“.

Извор/Фото: „Кожувчанка“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...