Македонија

Во Скопје ќе се одржи „Винска школа“

14 мај 2024

Во организација на Регионалната иницијатива за рурална соработка (СВГ) од денеска до сабота во Скопје ќе се одржува „Винска школа“.

Во рамки на „Винската школа“ учесниците ќе добијат знаења од областа на лозарството, базирани на најновите техники и иновации. Предавањата ќе бидат организирани во два модула „Меѓународен вински маркетинг и промоција на локалниот вински туризам“ и „Климатски промени во лозарството и енологијата“.

 Како што најавуваат организаторите, предавачите ќе бидат искусни експерти од областа на руралните политики, иновативните земјоделски практики и лозарството од земјава и од странство.

СВГ е меѓувладина организација, основана 2005 година на Земјоделскиот политички форум, како платформа за политички дијалог и соработка во областите – рурална политика и развој и земјоделие. Во иницијативата се вклучени државните институции надлежни за овие области на Северна Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Република Српска.

Извор: „Бриф“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...