Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 29 март 2024 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвори вратите на својата 25-та дрогерија и тоа во „Џевахир мол“.
Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 443,76 м2., од кои 361,32 м2 продажен простор, а 50,65 м2 магацински простор, како и 31,79 м2, помошен простор. Работното време на оваа дрогерија ќе биде од понеделник до сабота од 10 до 22 часот, а во недела од 10 до 20 часот.
Во новата дрогерија, покрај „Секогаш поволно“ цените, купувачите уживаа и во попустот од -15% на апсолутно сѐ, кој траеше од 29 па сѐ до 31 март.
На денот на отворањето, купувачите уживаа и во дополнителните изненадувања: подарок dm торба за пазарување со секоја сметка , подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 500 денари, подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари.
Купувачите на денот на отворањето на новата продавница на dm беа пречекани и во супер весела атмосфера со ди -џеј, а за најмалите ќе имаше и посебна забава!
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат не беше изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето беше дониран во хуманитарни цели на ЈОУ Детска градинка „Фидани“ – Скопје, општина Чаир.
Секое отворање на нова дрогерија нѐ радува од две причини – првото е запознавање на нови купувачи, а второто е шансата да направиме нешто добро за локалната заедница. Во месецот кој го одбележуваме со 2 нови отворања, ја потврдуваме нашата компаниска цел, а тоа е да бидеме што поблиску до нашите купувачи и да ги исполнуваме сите нивни потреби и желби преку нашиот богат асортиман, единствените услуги и уникатното искуство за пазарување, изјави Билјана Миленовиќ, регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.
Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 25 продажни објекти, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид и 2 продажни објекта во Штип.
Дрогериите на dm со својот асортиман на речиси 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени.
Извор/Фото: dm дрогерие маркт
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.