Македонија

„Тинекс“ ја отвори новата „СПОТ“ продавница

27 Mar 2024

 На 26 март,  „Тинекс“ ја отвори втората „Спот“ продавница, или како што тие ја нарекуваат, „продавница на место“.

Со фокус на нивната мисија и ставајќи ги потрошувачите на прво место, роден е  концептот на продавниците „Спот“. „Спот“  е место каде потрошувачите можат да најдат вкусен доручек, квалитетни сендвичи, свежи пецива, топли тостови, салати и вкусни мафини. Тие можат да се опуштат со одлично кафе и да уживаат во време поминато со своите пријатели бидејќи „Спот“е местото каде потрошувачите ќе чувствуваат удобност и посветеност, соопштуваат од компанијата.

                                  

Новата  „Спот“ продавница се протега на продажна површина од 155 мкв. и има магацински простор од 170 мкв. Во продавницата има две наплатни каси, а на  купувачите на располагање им е  асортиман од 1.590 артикли .Во двете „Спот“ продавници на „Тинекс“ вработени се вкупно 11 лица.

 „Спот“ е одлично место за набрзина да застанете и да купите состојки за одличен ручек пред да се вратите дома и место каде може да купите подарок во последен момент. „Спот“ е продавница креирана за да одговори на брзиот и динамичен начин на живот, соопштуваат од „Тинекс“.

Извор/Фото: „Тинекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...