Денеска во 10 часот, повторно започнува со работа целосно реновираните „КАМ“ маркети во Драчево, на ул. Јустинијан Први бр. 1-а и во Штип на ул. Сремски Фронт бб.
Маркетот во Драчево е проширен и распространет на површина од 500м2 со вкупно 35 паркинг места. Додека маркетот во Штип е исто така проширен на вкупна површина од 470м2 со 8 бесплатни паркинг места, со што се овозможува полесен пристап за сите потрошувачите, соопштуваат од компанијата.
Во реновираните и пофункционални „КАМ“ маркети, потрошувачите ќе пронајдат богат асортиман на производи со висок квалитет по ниски цени од асортиманот на млечни и месни производи, богата понуда на овошје и зеленчук, хемија, како и широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци.
На денот на отворањето потрошувачите ќе имаат можат да ја ги искористат еднодневните „КАМ“ специјални промоции и акциски цени на дел од асортиманот.
„КАМ“ постојано ја зголемува бројката на „КАМ“ маркети во Скопје како и во останатите градови во земјава. Покрај новите маркети, „КАМ“ континуирано ги реновира, проширува и модернизира веќе постоечките маркети, со цел да овозможи подобро шопинг искуство за своите потрошувачи, соопштуваат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.