Македонија

На 19. април во Скопје ќе се одржи 4. Интернационална контролинг конференција

26 Mar 2024

Во организација на „Контролинг бизнис центар“ на 19 април во Скопје, во хотелот „Холидеј ин“ ќе се одржи конференција на тема „Поинт оф децеисон – контролинг“, за која организаторите велат дека е инспирирана од неизбежната фунцијата на контролингот во сите подрачја и области.

Сведоци сме дека во последните години контролингот е најчесто дискутирана тема, неговата употреба станува нужност во деловниот свет, се настојува негова имплементација во сите области, едукација на контролери и менаџери на сите хиерархиски нивоа, се со цел да се подобри продуктивноста на самите организации. Постигнување на деловен успех е цел речиси на сите организации без разлика дали се приватни или јавни, за тоа да се постигне потребно е да се обезбедат корисни и правовремени информации врз основа на кои управувањето со организацијата би било ефикасно и ефективно, соопштуваат од „Контролинг бизнис центар“.

Конференцијата е наменета за сите сопственици на бизнис, контролери на сите нивоа на менаџмент, менаџери на сите организациски нивоа, сопственици на деловни процеси, аналитичари, стручњаци за ИТ што работат на деловни решенија за поддршка на контролинг и известување (BI, DW, планирање), финансиски и сметководни менаџери, и сите други што сметаат дека треба да го применат новиот начин на управување на компаниите со кој ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста.

Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат извонредни предавачи и панелисти од Македонија, Хрватска и Србија, кои ќе пренесат практични примери од својотата област на работење. Овој настан ќе бидат обработени различни теми со конкретни примери и ќе се обидеме да решиме многу дилеми, сомнежи, прашања и грижи, кои се поврзани со секојдневното комуницирање во и надвор од компаниите, соопштуваат од „Контролинг бизнис центар“.

 Подeтaлни информации за настанот на веб страницата на „Контролинг бизнис центар“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...