Македонија

ДЗС: Просечната нето плата во јануари изнесува 39 542 денари

21 Mar 2024

 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари  годинава  изнесува 39 542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9 проценти), преработувачка индустрија (4,9 проценти) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59 392 денари.

 

Извор: Државен завод за статистика

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...