Пазарниот инспекторат од денеска е на терен со засилени контроли. Како што најавија, ќе бара дали цените на производите ја следат пазарната логика или трговците ќе стават нови со нереално високи бројки.
Како што претходно беше најавено, од денеска престанува да важи мерката замрзнати цени која се однесуваше на дел од основните прехранбени производи. Ќе се чека донесувањето на Законот за нефер трговски практики.
Од Државниот пазарен инспекторат апелираа до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги приспособат цените во согласност со стандардот на граѓаните.
Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Закон за инспекциски надзор, Закон за државен пазарен инспекторат итн., истакна директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Дел од членките на Сојузот на стопанските комори деновиве рекоа дека нема да има големи корекции како и дека раст на цените ќе има само кај оние производи кај кои до сега се работело нерентабилно.
Се вчитува следна вест...