Македонија

dm дрогерие маркт ги зголеми платите на вработените за 15 отсто

09 Feb 2024

dm дрогерие маркт, 2024 година ја започнува со зголемување на бруто платите на вработените за 15 отсто.

Од компанијата соопштуваат дека зголемување на примањата на своите вработени од година во година е редовна пракса, како поддршка и благодарност за вложениот труд и посветеноста.

Горди сме што зголемувањето на платите на вработените е составен дел од нашата позитивна работна пракса. Со ова не само што се прилагодуваме на инфлацијата и другите економски фактори, туку сме тука и како поддршка, сигурност и место, коешто на вработените им обезбедува можност за напредок на личен и професионален план. Мерилото за успех на нашата компанија се нашите вработени, па токму затоа сакавме посебно да го наградиме нивниот труд, како и нивната посветеност и мотивација. И во иднина ќе настојуваме да бидеме тука едни за други, обезбедувајќи не само материјални, туку и низа други поволности на нашите вработени, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm дрогерие маркт во Македонија и Србија.

 Заложбите на компанијата за унапредување на личниот и професионалниот развој на вработените, исто така резултираа и со развој на голем број образовни програми и проекти како  „dm Академија“ и „dm-Lernwelt – Свет на учење“, преку кои вработените можат да го усовршуваат своето знаење и на тој начин да придонесат кон сопствениот и растот на компанијата.

Покрај 14 редовни и атрактивни плати во текот на годината, вработените во dm дрогерие маркт имаат и низа други придобивки кои креираат пријатна работна атмосфера, идеална за усовршување и подобрување на условите за работа и приватниот живот. Работните стимулации кои ги нуди компанијата го вклучуваат и концептот „smart working” - работа од дома и од далечина, како и бесплатни курсеви по германски јазик, ваучери за пазарување, обуки, семинари, проширени здравствени систематски прегледи, како и ваучери за приватни здравствени прегледи. Во рамки на подобрување на рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата, првиот училиштен ден е слободен ден за сите вработени во dm-родители на ученици-првачиња, соопштуваат од компанијата.

Извор/Фото: dm дрогерие маркт

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...