Македонија

(ГАЛЕРИЈА) „Жито“ отвори три маркети во еден ден

19 Oct 2023

Вчера (18 октомври) трговскиот синџир „Жито“ ги отвори вратите на три нови маркета, лоцирани во Штип и во Гевгелија.

Со овој потег, велешката компанија ја збогати својата мрежа, која сега брои 75 маркети низ целата земја.

Како што соопштуваат од „Жито“, штипјани отсега ќе можат да пазаруваат на две локации – во центарот на градот, на улицата „Кеј Маршал Тито“, бр. 37, и на улицата Партизанска, бр. 35. Гевгеличани добиваат поголема понуда на артикли по пристапни цени во новоотворениот маркет на улица 7 Ноември, бр. 6А.

Двата маркета во Штип се на површина од 900 квадратни метри, додека пак маркетот во Гевгелија е на повеќе од 500 квадратни метри. Вкупниот број вработени во трите новотворени маркети е над 50.

Отворањето на три маркети во ист ден е значаен и посакуван момент во проширувањето на нашата малопродажна мрежа. Со овој гест сакаме да потенцираме дека сме неуморни во посветеноста да одговориме на барањата и потребите на граѓаните. Имаме поставено планови и цели, работиме за да го оствариме сето она што сме го зацртале, но пред сѐ, имаме одговорност да ги исполниме ветувањата кон граѓаните дека ќе бидеме достапни насекаде, велат одговорните од „Жито“.

Отворањето на трите нови објекти беше проследено со презентации, дегустации и со тркало на среќата за купувачите.

Gallery: Жито - три нови маркети



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...