Онлајн супермаркетот „Пакет.мк“ обезбеди инвестиција од 300.000 евра од „Eleven Ventures“, водечки инвестициски фонд во Југоисточна Европа.
Од компанијата велат дека се очекува „Eleven Ventures“, кој е познат по негувањето на револуционерни стартапи, да донесе експертиза и развојна мрежа со цел да ја поддржи стратегијата на „Пакет.мк“ за проширување низ Балканот.
„Соработката со Eleven Ventures не е само признание за нашите досегашни достигнувања, туку е и поддршка на нашата стратегија што се базира на спојот на пионерска технологија, нашата посветеност кон иновациите насочени кон корисниците и нашите амбиции да ја редефинираме е-трговијата во регионот“, истакна Драган Јосифовски, ко-основач на „Пакет.мк“.
Според „Пакет.мк“, оваа стратешка инвестиција значително ќе го подобри нивниот асортиман на производи, трансформирајќи ја платформата во единствена дестинација за неделно пазарување.
„Eleven е совршен партнер во нашата мисија за унапредување на е-трговијата во Северна Македонија. Настрана од капиталот, тие носат непроценливо богатство од искуство во секторот и огромна мрежа на експертиза“, изјави Душко Јордановски, ко-основач на „Пакет.мк“.
„Eleven Ventures“ е еден од водечките инвестициски фондови во Југоисточна Европа, инвестирајќи во стартапи уште од 2012 година. Со над 150 збирни инвестиции во текот на 10 години, тимот на Eleven има клучна улога во катализирањето на регионалниот стартап екосистем. Eleven ги поддржува технолошките компании во четири приоритетни вертикали - „Future of Work“, „Fintech“, „Healthcare“ и „Future of Food“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.