Од декември, во периодот од 13 до 15 часот, ќе стартува дневната евтина тарифа за електрична енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.
Покрај во овој период од денот, Бислимоски вели дека евтината тарифа останува да важи и во ноќните часови, од 22 до 7 часот изутрина. Дневната евтина тарифа се враќа откако беше укината на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија.
„Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенефит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките“, вели Бислимоски
Според Бислимоски, енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што, како што вели, се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина дневна електрична енергија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.