Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку Одлуки со кои се намалуваат царинските давачки од 65, 55 и 45 отсто на 10 отсто за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши
Во оваа група не спаѓаат доматите, краставиците и пиперките, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1 декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар. Исто така се зголемува и квотата на увоз на јужно овошје за дополнителни 2.000 тони.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.