Македонија

Од следната недела ќе поевтинат и пијалаците

22 Sep 2023

Дел од домашните производители на минерална вода, сокови и пиво се приклучија кон владината кампања „Гарантирана цена“. Алкохолните и безалкохолните пијалаци од следната недела ќе се најдат на листата на производи за кои Владата одлучи дека до крајот на ноември ќе се продаваат по цени за 10 отсто пониски во однос на оние по кои се продавале на 1 август.

Ова го потврди и министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Согласно тоа, како што вели Бектеши, од следната недела овие производи ќе се продаваат по намалени цени за 10 отсто во однос на цените за кои се продавале на 1 август.Согласно владината одлука, по намалени цени ќе се продаваат прехранбени производи од вкупно 24 категории. Меѓу другото, по поевтини цени граѓаните ќе може да набават леб, млеко, јогурт, сирење, мелено месо, пилешко месо, тестенини, овошје, зеленчук.

Владата очекува дека ваквото ограничување на ценитеќе ја намали целокупната инфлација во делот на храната за четири до пет отсто до крајот на ноември.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...